Лондонски Арсенал го обнови интересот за големата ѕвезда на Лил, Џонатан Дејвид, пренесуваат медиумите на Островот. Тој е голема желба на менаџерот Микел Артета.

Шпанскиот стратег побарал од раководството да се обиде да го доведе на „Емирати“ по завршувањето на оваа сезона. На Арсенал му е потребен нов напаѓач.

21-годишниот Џонатан Дејвид и оваа сезона блеска во дресот на Лил и го привлече вниманието на неколку европски гиганти, а Арсенал се надева дека ќе ја победи конкуренцијата.