Бразил секогаш создава фудбалски таленти, а еден од нив е Андреј Сантош кој го договори трансферот во Челси, но на последниот тренинг на Васко Де Гама неговите колеги решија да го врзат.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која може да се забележи дека Сантош е врзан, зашто колегите не сакале да го пуштат да замине од Васко де Гама.
Талентираниот Бразилец веќе некое време се поврзува со Челси, а специјалистот за трансфери Фабрицио Романо објави дека сите детали се договорени.