Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски вечерва дебитираше во дресот на Данди Јунајтед и ги покажа своите фудбалски квалитети.
Некогашниот член на Шкупи беше стартер на Лига Куп натпреварот против Стенхаусмуир и благодарение на неговиот одличен перформанс Данди Јунајтед на пауза замина со предност од 2-0. Трапановски пред домашната публика се претстави со две асистенции, првата во 25 минута кога погоди Маут, додека девет минути подоцна асистираше за гол на Галагер. Во 47 минута Трапановски постигна и гол за водство од 3-0.
https://twitter.com/i/status/1813293796685382117
https://twitter.com/i/status/1813301211153551789
Инаку, во првиот состав на Данди беше уште еден македонски фудбалер кој пристигна во тимот ова лето – Давид Бабунски.