На стадионот во Басра во Ирак се случило невидено стампедо и повредени се над 60 навивачи, а има и еден загинат. Неверојатни сцени доаѓаат од Ирак, во финалето на Гулф купот силите ќе ги одмерат селекциите на Ирак и на Оман. Тоа предизвика невиден интерес, а трибините се исполнети 10 часа пред почетокот на мечот.
Некои Ирачани кои успеале да купат билети ја минале ноќта пред стадионот, а трибините почнале да се полнат во раните утрински часови.