После 1998 година (бронза) и 2018 (сребро), Хрватска доаѓа до трето полуфинале и остана непобедлива на пенал-рулети во историјата после три победи досега, две во Русија (Данска и Русија) и против Јапонија во осминафиналето.
Чудесниот Доминик Ливаковиќ, кој собра еден куп интервенции, му одбрани на Родриго во првата серија, а Маркињос во четвртата погоди статива, за нов епски успех на Хрватска. Никола Влашиќ, Ловро Мајер, Лука Модриќ и Милсав Оршиќ погодија за Хрватска, додека Касемиро и Педро за Бразил.
Нејмар во 105+1-та минута донесе водство во драматичните продолженија, а Бруно Петковиќ погоди три минути пред крајот за израмнување во мечот на кој Ливаковиќ ги полуде Бразилците, а само еднаш потклекна кога Нејмар му даде гол, но Алисон Бекер немаше работа и од првиот шут на Хрватска потоа прими гол.