Фудбалерите на Аталанта и Јувентус ремизираа 1:1 во одличен натпревар во Бергамо во 25. коло од Серија А.
Една минута ја делеше торинската „Стара дама“ од пораз и Душан Влаховиќ од улогата на трагичар на мечот.
Тогаш највисок во скокот беше бразилскиот дефанзивец Данило, кој го спаси Јувентус од болен пораз во борбата за Лигата на шампионите, но и Влаховиќ, кој можеше да биде казнет за своите промашувања.
Српскиот голгетер немаше ни среќа да биде стрелец на трет последователен натпревар за Јувентус. Имаше најмалку пет шанси, но го полуде голманот Марко Спортиело, кој двапати му одбрани на неверојатен начин.
Не промаши само Влаховиќ, тука беше и Пауло Дибала, неколку пати не се снајде исто така Алваро Мората, но најмногу ќе жали српскиот репрезентативец.
Колку и да не сакаше, толку ја искажа и својата нервоза кога на крајот од првото полувреме доби жолт картон поради приговор, од голема желба да направи нов исчекор.
И Аталанта која беше блиску до подвиг ќе има за што да жали и можеше да го прескокне Јувентус во борбата за лигата на шампиони.
Блесна резервистот Руслан Малиновски. Тој на 14 минути до крајот испрати вистинска „бомба“ во голот на „Старата дама“ по краткото додавање од слободен удар, а се чинеше дека целиот плен ќе остане во Бергамо.
https://www.dailymotion.com/video/x87vgw9
Сепак, во веќе опишаното сценарио кога Данило погоди за израмнување и тимот на Масимилијано Алегри се извлече .
https://www.dailymotion.com/video/x87vh3s