Арсенал повторно е лидер во Премиер-лигата, откако на „Емирати“ ја оправда фаворитската улога против Лутон и победи со 2-0. Сега „топчиите“ имаат бод предност пред Ливерпул, кој го пречекува Шефилд Јунајтед на домашен терен.
Мартин Одегард во 24.минута му донесе на Арсенал водство на овој меч. Пред крајот на првиот дел, по акцијата на Емил Смит Роу, Хашиока си постигна автогол и тимот на Микел Артета замина со два гола предност на одморот. Тоа беше и доволно за нови три бода.
Брентфорд и Брајтон ремизираа без голови.