Според шпанските медиуми Барди е на мета на Милан, кој наводно е подготвен да плати пет милиони евра, а уште летоска фудбалерот за врска се поврзуваше со „росонерите“, како и со Бетис, во меѓувреме излезе интерес од Реал Сосиедад, се споменуваа Лацио, Торино… Но, барем засега за Барди понуда не е стигната на девет дена до крајот на зимскиот преоден рок.
„Барди е многу важен играч.А ако има некоја супер понуда за било кој играч, треба да биде јасно дека сите ние сме на пазарот, вклучително и јас. Сега можам да ви кажам дека никаква понуда за Барди не е стигната, тоа е лага. Енис е преважен играч за Леванте, јас сакам да остане зашто знам дека ќе ни донесе многу радости“, вели Лисци.
Македонскиот репрезентативец има договор со Леванте до летово, но шпанскиот клуб има опција да активира уште една година, ама само под услов ако остане во Ла Лига, а моментно е последен на табелата. Во случај на испаѓање Барди е слободен фудбалер, па било каква милионска понуда би требала да го задоволи раководството зашто во друг случај би се коцкале да останат без ништо, ако го задржат Барди и испаднат.
Барди во Леванте дојде во јули 2017 година од унгарски Ујпешт за 1,5 милиони евра.