Македонскиот таекводно репрезентативец, Дејан Георгиевски е освојувач на сребрениот медал на Президент купот кој се одржува во Тирана, Албанија. Тој во финалето загуби од репрезентативецот на Русија, Владислав Ларин од кого го загуби и големото финале на Олимписките игри.
Со ова Георгиевски забележа уште еден фантастичен резултат што му донесе 12 нови бодови, кои се и тоа како важни за настапот на следните Олимписки игри во Париз.
Георгиевски до финалето беше подобар од Ангелопулос од Грција, Ел ЖАзиди од Франција како и Хели од САД.