Македонската репрезентативка Даниела Алексовска се закити со бронзен медал на Светското џиу-џицу првенство во Абу Даби. Ова беше првпат наша натпреварувачка да биде дел од најголемиот светски настан на кој ќе има над 5.000 натпреварувачи од повеќе од 75 земји.
Македонската фајтерка беше дел од највисоката категорија на виолетови појаси во младинска категорија, а Даниела се натпреваруваше во категоријата до 57 килограми и на крајот успеа да стигне до пиедесталот.
Со Алексовска, на планетарниот собир беше и нејзиниот тренер Ивица, а македонската репрезентативка на ова Светско првенство имаше поддршка и од Sport Life, која е докажана општествено одговорна компанија во Македонија.