Тешките временски услови во Финска ги одвратија дел од натпреварувачите од настап, па трката помина без некои од главните фаворити .
Рука е домаќин на отворањето на Светското првенство за нордијците, а временските услови се екстремни, температурата под минус 20 Целзиусови степени , што доведе до повлекување од настап на дел од натпреварувачите.
Не сакаме да ризикуваме, не сакаме некој да се разболи во вакви услови“, изјави менаџерот на силната норвешка репрезентација, Еспен Бјервиг.
Се откажа и Финецот Иво Нисканен, кој требаше да влезе во трката од лидерската позиција. Сето тоа го искористија Русите, кои на крајот ги зазедоа првите четири позиции.
Победата му припадна на Александар Болшунов со само половина секунда предност пред Сергеј Устјугов и седум десетинки пред Артјом Малцев.
Од стартот стартуваа 69 натпреварувачи,а еден не ја заврши трката