Легендарниот сопственик на Ф1 тимот на Вилијамс, Френк Вилијамс, почина на 80-годишна возраст.

Сите фанови на Формула 1 знаат многу добро за тимот на Вилијамс, а на некои им е омилен тим во најбрзиот караван во светот.

Тажната вест ни доаѓа од тој тим бидејќи поранешниот сопственик Сер Френк Вилијамс почина на 80-годишна возраст.

„Денес му оддаваме почит на една неверојатно сакана и инспиративна личност. Френк многу ќе им недостига на сите. Ги молиме сите пријатели и колеги да ги почитуваат желбите на семејството Вилијамс за да им се овозможи приватност во овие моменти. И оние кои сакаат да оддадат почит Ве молиме донирајте на Здружението за повреди на ‘рбетниот мозок, а ние ќе поддржиме со оставање на цвеќе пред седиштето на тимот во Гроув. Деталите за комеморацијата ќе бидат објавени подоцна“, се вели во соопштението на Вилијамс.