Фудбалерите на Пари Сен Жермен продолжија да победуваат во француската Лига 1 бидејќи во 15. коло го совладаа Сент Етјен со резултат 3:1 (1:1).

Сепак, немаше доминација на скапоцениот тим од главниот град, па дури може да се дебатира дали судијата Брисар ги турна „светците“ до пресврт и победа.

Зашто, домаќинот и моментално последнопласирана екипа на табелата поведе во 25. минута кога стрелец беше Денис Буанга.

Сепак, во 45. минута, додека Килијан Мбапе беше во пробив, беше соборен, а судијата му покажа директен црвен картон на Колодејчак, иако тој го направи прекршокот на речиси 30 метри од голот, а не беше последен играч во одбраната.

Домашните беа во шок, а само две минути подоцна  Маркињос погоди за 1:1.

Сепак, Сент Етјен продолжи успешно да се брани и во вториот дел со играч помалку и успеа да издржи дури во 79. минута кога Анхел ди Марија на асистенција на Лионел Меси погоди за 2:1.

Маркињос стави точка на овој меч во продолжението на мечот и со тоа се промовираше во играч на натпреварот во кој ПСЖ го освои 40-от бод од можни 45 во претходните 15 кола.

Но, мора да се каже и дека одличен беше Меси, кој постигна хет-трик со асистенции.

Сепак, ПСЖ не беше најсреќен на крајот, бидејќи Нејмар се повреди во 87. минута и беше изнесен од теренот на носилки.

Каква ќе биде неговата повреда ќе видиме многу брзо по натпреварот, но сликите од превртениот зглоб изгледаа страшно.

https://www.youtube.com/watch?v=K8g39urqihA