Аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси испрати честитка до неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, кој пред неколку дена го освои трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ).
Двајцата соработуваа во Барселона во минатото и освоија голем број трофеи, а Меси смета дека Гвардиола заслужува уште многу успеси во иднината.
„Заслужи да ја освои Лигата на шампиони. Гвардиола е најдобриот тренер во светот“, рече Меси.
Лео Меси и Гвардиола двапати со Барселона ја освоија титулата во ЛШ, и тоа во 2009 и 2011 година.