Актуелнот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен беше најбрз на последната трка во сезоната за Големата награда на Абу Даби, а веднаш зад него заврши големиот ривал од Ферари, Шарл Леклер кој ја доби битката со Серхио Перез за второто место во генералниот пласман.
Зад тројцата возачи кои завршија на подиумот следеше вториот возач на Ферари, Карлос Саинц кој во завршницата успеа да го престигне Луис Хамилтон од Мерцедес, кој поради проблеми со хидрауликата испадна од трката, додека петтата позиција му припадна на неговиот тимски колега Џорџ Расел.
Во топ-10 се уште и Ландо Норис од Мекларен, Естебан Окон од Алпин, Ленс Строл од Астон Мартин, Даниел Рикардо од Мекларен, како и Себастијан Фетел за кој треба да се спомене дека ова беше последна трка зашто се повлекува од „најбрзиот циркус“.