Тиквеш го пречека Работнички на домашен терен и се реваншираше за поразот во Скопје.
Новиот миленик на “Лозари” Анаел Нгоба во 35.минута со одличен волеј од 12тина метри донесе предност за домаќинот, а Адиз Спахиу во 69.минута jа искористи грешката на одбраната на Работнички и го постави конечниот резултат од 2:0.
Лидерот на табелата во Првата фудбалска лига, тимот на Шкупи, повторно се одлепи на 4 бода предност на врвот во однос на Академија Пандев откако рутинирано ја совлада Струга Трим Лум со 4-0. Домаќинот сите голови ги постигна за 15 минути во второто полувреме. Сандеј Адетунџи беше двоен стрелец, а погодија и Фаустин Сенгор и Кире Маркоски.
На останатите натревари од 15. коло:
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-2
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ 2-1
ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 0-0
ВЧЕРА: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2