По синоќешниот дуел меѓу Данска и Исланд, кој заврши со победа на Данците, се зборуваше за тешката моментална ситуација .
Данска моментално е една од ретките селекции што е во добра позиција и одлично трчаат низ виралните терени. Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, призна дека е испратен мејл до сите играчи од поширокиот список за да започнат со ПЦР тестовите.
Јакобсен сака да биде сигурен дека ќе ги стави играчите на располагање што е можно поскоро во случај на пробивање на вирус во тимот.
„Досега го имам комплетниот тим нма располагање, за почеток секој треба да направи PCR тест. Сèуште само ги стегам палците за да остане вака“, рече Јакобсен.
„Сите сме во страв секој ден и само седиме и ги чекаме резултатите од тестот и се надеваме на најдоброто.
Таква среќа немаа Исланѓаните, кои загубија шест играчи поради позитивни тестови. Гудмундур Гудмундсон е лут на организацијата која ја смета за многу лоша.
„Длабоко сум разочаран. Би рекол дека сме шокирани од ова. Многу добро се погриживме, Исландската ракометна федерација потроши стотици илјади евра на изолација пред да оди на Европското првенство.
Се што ги затекна Исланѓаните во Унгарија го налути Гудмундсон.
“Бев многу незадоволен од многу работи во хотелот. На почетокот имаше туристи кои не носеа маски, а ги имаше насекаде. Сега сме заедно сите шест екипи и сите користиме исто бифе. Не разбирам многу работи , Длабоко сум разочаран што се најдовме во таква ситуација“.