После скоро три и пол часа, Кецмановиќ во четири сета го победи Лоренцо Сонега со 6-4, 6-7, 6-2, 7-5 за да ги продолжи настапите на терените во Мелбурн, а имаше дури 11 спасени брејк-топки од вкупно 13, а до триумфот успеа да дојде со само два аса и неверојатно 20 винери помалку од противникот. Но, пресудија 50-те неизнудени грешки на италијанскиот тенисер.
Монфилс во три сета го „исчисти“ Чилеанецот Кристијан Гарин со 7-6, 6-1, 6-3, а победи и Денис Шаповалов во четири сета против Рајли Опелка со 7-6, 4-6, 6-3, 6-4.
На женскиот дел од турнирот Викторија Азаренка ја збриша Елена Свитолина препуштајќи и само два гема во двата сета (6-0, 6-2), а пласман во следната рунда обезбедија и Пегула, Крејчикова, Бадоса, Сакари и Кејс.