Екипата на Реал Мадрид убедливо ја победи Џирона на гости со 0-3, ја симна од врвот и се искачи на лидерското место на табелата со 21 бод. Хоселу во 17.минута го отвори резултатот по одличната асистенција на Белингам, а четири минути подоцна Чуамени зголеми на 0-2.

https://twitter.com/i/status/1708162922038382841

Во 71.минута, Белингам се запиша и во листата на стрелците постигнувајќи го својот шести гол сезонава во Примера, а во финишот Реал Мадрид остана со играч помалку поради исклучувањето на Начо Фернандез.

Реал Мадрид е прв со 21 бод, по што следи Барселона со 20, Жирона има 19, а во топ-4 е и Атлетик Билбао со 19 бодови.