Никола Јокиќ го одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната во победата на Денвер над Њу Орлеанс 138:130 по продолжение.
Јокиќ постигна 46 поени со 12 скока и 11 асистенции и 4 блокади.
Имаше уште 4 блокади и 3 украдени топки, а шутираше 16/22 (3/5 за тројка) од игра.
Србинот е првиот играч во историјата на лигата кој оствари најмалку 40 поени, 10 скока, 10 асистенции, 3 украдени топки и 3 блокади од воведувањето на статистичките категории на украдени топки и блокови во 1973 година.
Тој е првиот играч по Вилт Чембрлен кој имаше најмалку 45 поени со 70 отсто удари од игра, а прв по 2010 година и Леброн Џејмс кој имаше најмалку 40 поени и 4 „рампи“ на еден меч.
Јокиќ го забележа 17-от трипл-дабл сезонава, а Пеликанс практично ги сруши со 30 поени во последната четвртина и продолжението.
Јокиќ погоди две слободни фрлања за продолженија на 3,2 секунди пред крајот на мечот, а потоа постигна седум поени во продолжението.
Со неговата тројка на минута и пол пред крајот Нагетс конечно ги скршија Пеликанс.
„Се чувствувам удобно кога шутирам важни удари. Мислам дека соиграчите ми веруваат“, изјави Јокиќ.
Србинот најдобро го следеше Арон Гордон со 28 поени и 8 скока, а Монте Морис забележа 18 поени и 8 асистенции.
На Пеликанс не им помогнаа ниту 38-те поени на Брендон Инграм, ниту 24-те на Си Џеј Мекол.
Јонас Валанкунас забележа дабл-дабл со 19 поени и 14 скока.
Резултати:
Вашингтон – Индијана 133: 123
Хјустон – Мемфис 123: 112
Оклахома Сити – Јута 103:116
Кливленд – Торонто 104:96
Денвер – Њу Орлеанс 138: 130 прод.
ЛА Клиперс – Њујорк 93: 116