Првиот гол за Специја го постигна Даниеле Малдини, синот на Паоло, кој игра за Специја како зајмен фудбалер. Ова беше прв гол против Интер на фудбалер со презимето Малдини по пауза од 28 години и четири месеци.
Неговиот татко, Паоло има само еден гол во кариерата против Интер и тој го постигнал во ноември 1994 година, кога Интер и Милан одиграле 1-1. Нешто повеќе од 28 години, неговиот син му даде гол на градскиот ривал, во надеж дека ќе има шанса истото да го повтори и во дресот на Милан.
Неговата позајмица во Специја завршува на 30 јуни, но потребно е и Милан да покаже интерес да го задржи. Тој има 21 година, а договорот со „росонерите“ му трае до јуни 2024.