Англиската ѕвезда Џек Грилиш летово пристигна од Астон Вила во Манчестер Сити, а за време на одморот го коментираше досегашниот престој во Манчестер .
Иако пристигна од Астон Вила во Манчестер Сити за рекордни 100 милиони фунти, Џек Грилиш допрва треба да го фати вистинскиот континуитет. Англискиот играч за врска досега постигна гол и две асистенции на 12 натпревари во стартниот тим.
„Досега завршив добра работа, но имам уште многу да дадам. Многу е потешко отколку што мислев дека ќе биде. Сè уште учам и се навикнувам на тоа, слушнав дека на некои луѓе им треба година да се навикнат, па можеби ќе биде така и за мене. Сакам да постигнувам голови и да асистирам уште повеќе следната година“, рече тој, а потоа продолжи:
„Тоа е лудо бидејќи стандардите се толку високи, на теренот и надвор од него. Неверојатно е и затоа Сити беше толку успешен сите овие години“.
Не само што притисокот врз Грилиш е големината на клубот, туку и фактот што беше платен рекорд за него летото, па многумина сметаат дека е преценет.
„Кога имаш етикета од 100 милиони фунти на тебе, тогаш цела низа луѓе се прашуваат дали вредиш толку многу пари . Каде се твоите голови, каде се твоите асистенции? Јас го разбирам тоа, но морам на тоа да гледам како на привилегија да бидам во клуб кој сакаше да ги потроши сите тие пари на мене, се надевам дека ќе можам да му се оддолжам со многу голови и трофеи“, изјави Англичанецот.