Селекторот Кире Лазаров го објави списокот на ракометари пред бараж средбите со Романија за место во вториот бараж за СП.
На списокот од 35 ракометари нема поголеми изненадувања и главно Македонија ќе настапи во познат состав. На списокот го нема Дејан Манасков , а од ракометарите кои беа на Европското првенство изоставени се Бојан Маџовски и Горан Крстевски .
Во следните денови ќе биде скратен списокот пред стартот на подготовките за двомечот во Скопје и Букурешт.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра на 17 март во Скопје од 19:00 часот, додека реваншот ќе биде во Букурешт на 19 март од 17:00 часот.
Победникот од овој двомеч, ќе игра со Чешка за место на Мундијалот во Полска и Шведска следната година.