Апсолутен херој не само на Лајпциг, туку и на целата Бундес лига викендов е Шиме Ивиќ! Хрватскиот репрезентативец на апсолутно нереален начин му донесе победа на својот тим над Флензбург.
Времето истече, резултатот беше нерешен, а остана само Ивиќ да изведе удар од некои приближно 12 метри. Погледнете каков гол постигна десниот бек – не можете ни да му замерите на голманот Мелер, кој дотогаш беше одличен со 15 одбрани.
Ивиќ беше и најефикасен на натпреварот со шест гола.