Ломаченко тренираше во еден православен манастир во Грција, во момент кога изби војната во Украина, по што реши да се врати назад и да им помогне на неговите сонародници.
Украинецот, освен од титулата, се откажа и од најголемата заработка во неговата кариера, па Камбосос му испрати порака преку социјалните мрежи:
„Ја почитувам твојата одлука и ја разбирам. Се молам за тебе и твојата држава. Се надевам дека ќе останеш безбеден и ќе се договориме за нова борба меѓу два вистински шампиони, откако ќе го избришам подот со Дејвин“, напиша Камбосос.