Тајсон Фјури ја одбрани својата светска титула во ВБЦ синоќа со победата над Вајлдер. Британецот дојде до победа со нокаут во 11 -та рунда.
Долгоочекуваниот дуел привлече големо внимание кај љубителите на боксот, а беше особено интересно бидејќи тоа беше последната борба во трилогијата што започна во 2018 година.
Како таква, третата, последна и најважна, исто така, генерираше досега најголема заработка за боксерите. Според договорот пред борбата, Фјури ќе заработи 30 милиони долари плус бонуси, додека Вајлдер ќе добие 20 милиони долари плус бонуси.
Се шпекулира дека заработката од продажбата на оваа борба ќе изнесува околу 100 милиони евра, па борците за оваа борба ќе заработат најмалку 90, односно 60 милиони долари.
Да потсетиме, за својата прва борба во 2018 година, Вајлдер заработи четири милиони долари, а Фјури само милион помалку. Во вториот меч заработката беше значително поголема, па и двајцата боксери заработија по 25 милиони долари.