АЛБАНЕЦ во швајцарската репрезентација Џердан Шаќири повторно се најде во центарот на вниманието поради интервју по натпреварот со Северна Ирска, кој Швајцарија го доби со 2-0.
Непознат маж му пришол на Шаќири среде изјава пред камера и му ја ставил јакната која јасно ги истакнува обележјата на Ослободителната војска на Косово. Фудбалерот на почетокот беше збунет, но кога сфати за што станува збор, се смееше и сепак ја соблече јакната.
Медиумите во Швајцарија не се воодушевени од овој потег, но српските медиуми се уште пореволтирани.
Блиц на тој начин пишува “Невиден скандал! Шаќири повторно провоцира! Облече јакна со неславното знаме додека даваше изјава”.
Мондо и Информер ги повикуваат и фудбалските организации да реагираат. Мондо стави наслов во кој пишува дека „Шаќири повторно ги провоцира Србите“ и бара реакција од УЕФА, додека Информер пишува: „Во јакната на криминалната ОВК, Шаќири даде интервју по натпреварот, а ФИФА и УЕФА молчат“.