Тајсон Фјури го нокаутира Деонтеј Вајлдер и ја заврши нивната трилогија со боксерска трилогија , од која излегува непоразен. Веднаш по борбата во рингот, тој се осврна на новата победа.
„Како што рече големиот Џон Вејн, јас сум составен од железо и челик – рече Фјури и предизвика овации од публиката на која очигледно многу и се допадна цитатот и додаде:
“Сакам да му се заблагодарам на Господ и Спасителот Исус Христос. Го славам, а тој ми ги дава овие велечествени победи”.
Тој го пецна Вајлдер по тепачката , посочувајќи дека сега конечно потврди кој е најдобар на светот.
“Двапати бев на паркетот, не ми беше лесно, Вајлдер е многу силен боксер. Ова беше голема борба, нема да се правдам, Вајлдер е голем борец и навистина ме измачуваше”, рече Фјури, додавајќи:
“Сепак, како што секогаш велам, јас сум најдобриот боксер на светот, а тој е вториот најдобар. Никогаш не се сомневајте во мене, кога е најтешко, јас сум најдобар”.
По оваа изјава во рингот, Фјури даде изјава и за БТ Спорт во која откри дека Вајлдер не сакал да му честита на победата.
“Му пријдов и му реков:” Добра борба, човеку “, а тој ми рече дека не сака да ми честита. Јас одговорив:” Нема проблем. Се изненадив “.