Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е слободен во првото коло на Мастерсот во Мадрид, а во второто коло ќе се сретне со победникот од дуелот Гаел Монфис – Карлос Хименез.

Доколку помине, потенцијален нареден противник на Новак е Денис Шаповалов.

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал би можеле да се сретнат во полуфиналето на мастерс турнирот во Мадрид.

Младиот Карлос Алкараз оди на Надал во четвртфиналето и се очекува интересна шпанска пресметка.