Изненадувачки вести доаѓаат од Русија.Сепак, ФИФА би можела да ги врати руските фудбалери во баражот за Светското првенство во Катар, пренесуваат руските медиуми.
Како што се наведува, планот е плеј-офот меѓу Русија и Полска да се одложи за јуни, под претпоставка дека дотогаш ќе заврши руската инвазија на Украина.
https://twitter.com/championat/status/1500804094998548483?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500804094998548483%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D07nav_id%3D2117607
ФИФА се обидува да најде решение за да може „зборнајата“ да учествува во баражот, пред да донесе конечна одлука.
Дека веста не е еднострана говори и тоа што е пласирана и во Полска, а се однесува на тоа дека натпреварот меѓу двете селекции е одложен, како што пишува на веб-страницата на ФИФА, не е откажан и дека се чека јуни и крајот на војната.
https://twitter.com/goalpl/status/1500782204959531011?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1500782204959531011%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D07nav_id%3D2117607
На 28 февруари, ФИФА и УЕФА ги суспендираа сите руски клубови и националниот тим од учество на меѓународни натпревари.
Доколку Русија повторно добие место во баражот, останува да се види каква ќе биде реакцијата на Полска, Шведска и Чешка, кои претходно во заедничка изјава порачаа дека немаат намера да играат против таа селекција.
Исто како Албанија, Швајцарија, Ирска , Англија …