Квалификациите за Мундијалот влегуваат во завршна фаза, а утре ќе знаеме 29 од 32 учесници на Светското првенство во Катар. По квалификациите во Океанија вечерва, и централноамериканските квалификации во четврток навечер, нè чекаат само уште два интерконтинентални квалификации и финале на европски мини-турнир, кој се уште не е завршен поради ситуацијата во Украина.
Некои големи репрезентации нема да го видат Катар, а секако најголемата сензација ја приреди Македонија со елиминацијата на европскиот првак, Италијанците.
Мохамед Салах загуби од Сенегал на пенали двапати во два месеци со Египет. Прво тимот на клупскиот соиграч Сади Мане го победи на пенали во финалето на Купот на нации, а синоќа беше елиминиран на пенали во плеј-офот за да оди во Катар.
Мундијалот нема да го дочека ниту моќната Колумбија на која синоќа и требаше победа против Венецуела и кикс на Перу против Парагвај. Сепак Колумбијците ќе го гледаат Светското првенство на телевизија. Нивната најголема ѕвезда во моментов е Луис Дијаз, кого Ливерпул зимава го купи од Порто за 45 милиони евра.
Претходно без Мундијалот остана и Ерлинг Халанд, кој е најбараниот напаѓач во светот заедно со Килијан Мбапе. Неговата Норвешка упропасти се во последните две квалификациски кола, и на крајот остана без бараж. Во овој тим има место и за двајца Нигеријци.
Според Transfermarkt, Вилфрид Ндиди моментално вреди 60 милиони евра, а исто толку вреди и страшниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимхен. Нигерија вчера одигра само 1:1 против Гана на домашен терен во реваншот од африканскиот плеј-оф и загуби со 1:2.
Вредноста на најскапиот тим што не оди на СП:
Ерлинг Халанд – Норвешка, Борусија Дортмунд – 150 милиони евра
Мохамед Салах – Египет, Ливерпул – 100 милиони евра
Федерико Киеза – Италија, Јувентус – 70 милиони евра
Николо Барела – Италија, Интер – 70 милиони евра
Џанлуиџи Донарума – Италија, ПСЖ – 65 милиони евра
Милан Шкриниар – Словачка, Интер – 65 милиони евра
Алесандро Бастони – Италија, Интер – 60 милиони евра
Виктор Осимхен – Нигерија, Наполи – 60 милиони евра
Вилфред Ндиди – Нигерија, Лестер – 60 милиони евра
Давид Алаба – Австрија, Реал Мадрид – 55 милиони евра
Луис Дијаз – Колумбија, Ливерпул – 45 милиони евра
На клупата ќе се најдат Јан Облак (60 милиони евра), Марко Верати (55), Каглар Сојунчу (45), Франк Кеси (45), Лоренцо Пелегрини (45), Томаш Соучек (45), Жоргињо (45). Мартин Одегард (40) и Едмунд Тапсоба (40).