Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство, но стана светска сензација со елиминацијата на европскиот првак Италија.
Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев со свој коментар за последните настапи. Тој смета дека Благоја Милевски треба веднаш да добие нов четиригодишен договор.
“Многу сум импресиониран од неговата работа и неговиот концепт, да бев претседател на федерацијата веднаш ќе му понудев нов четиригодишен договор”, коментира Панчев.
Тој не смета дека Македонија ќе беше посилна ако во овие бараж натпревари играше и Горан Пандев.
“Придонесот на Горан Пандев е неспорен, тој го постигна победничкиот гол во плејофот за пласман на ЕВРО 2020 против Грузија, но со него во стартниот тим сме загубиле во минатото и од Андора. Откако си замина во пензија, играчи како Елмас, Барди и Адеми можат уште повеќе да се развиваат и тоа е добро за репрезентацијата”, посочи Дарко Панчев.