Аргентинските медиуми кренаа бура за неверство на Ванда Икарди, а шпанските власти го истражуваат целиот случај, откако беше хакиран профилот на атрактивната сопруга на напаѓачот Мауро Икарди.

Набрзо коментар даде и Ванда, која откри дека некој ѝ го хакирал профилот на Инстаграм и ги објавил приватните пораки кои ги имала со нејзините пријатели, а најмногу внимание привлекоа тие на играчот на Ривер, Езекиел Барко, кој има 22 години.