Италијанските медиуми пишуваат дека Милан го следи Елмас и неговите настапи, а исто така тој се наоѓа на врвот на листата со желби на спортскиот директор Паоло Малдини, па се очекува летово да тргне по неговиот потпис.
Елмас неодамна го продолжи договорот со Наполи до 30 јуни 2025 година и заработува 1,5 милиони евра, а неговата вредност на маркетот се проценува на 35 милиони евра, колку што ќе мора да платат „росонерите“ ако сакаат да го купат од нивниот конкурент за титулата оваа сезона.
Македонскиот дијамант оваа сезона одигра 29 меча во Серија А, а притоа постигна два гола и имаше пет асистенции, додека има уште еден настап во италијанскиот Куп, а исто така заигра и на осум дуели во Лига Европа, каде што постигна четири гола и запиша една асистенција.