Лионел Меси минатото лето ја напушти Барселона и потпиша за ПСЖ, но според последните информации 35-годишниот Аргентинец е несреќен во Париз и повторно размислува за смена на клубот. Меси и компанија беа исфрлени од Лигата на шампионите од Реал, а во следниот натпревар беа исвиркани од навивачите.
„Меси во моментов не е во форма“, прокоментира Роналдињо, легендарниот Бразилец кој своевремено го носеше дресот на ПСЖ и кој ја делеше соблекувалната со Меси во Барселона. “Тешко е да се сомневате во Меси по сето она што го направи за фудбалот. Тој наскоро повторно ќе освојува титули и луѓето ќе го сметаат за најдобар во светот. За мене тоа не е спорно.”
Роналдињо ја коментираше и ситуацијата во Барселона. “Барселона минува низ тежок период. Се надевам дека ќе го преброди ова. Многу го сакам тој клуб”.