Холандија ќе се соочи против Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство (СП) во Катар, а дефанзивецот Вирџил Ван Дајк изјави дека му е чест што повторно ќе игра против Лионел Меси.
Ван Дајк рече дека мора да внимаваат на Меси, но смета дека Аргентинецот не може сам да ги победи „лалињата“.
„Мене ми е чест што ќе играм против Меси. Ова ќе биде дуел меѓу две моќни репрезентации, а ние ќе направиме добар план за да го неутрализираме. Меси не може сам да ја победи Холандија“, вели Ван Дајк.