Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, бил уапсен во Бразил во средата вечерта поради нелегално носење оружје додека се качувал на приватен авион за Швајцарија, соопшти бразилската полиција.
Полицијата пронашла мал, полуавтоматски пиштол LW Seecamp од 32 милиметри, без валидни документи во багажот на Еклстоун за време на контролата, се вели во соопштението, додавајќи дека Британецот потоа бил уапсен и одведен во објект на аеродромот Виракопос во Кампинас , во близина на Сао Паоло.
Еклстоун признал дека поседува пиштол, но рекол дека не знаел дека е во неговиот багаж. Британецот плати кауција и беше пуштен да отпатува во Швајцарија.
Откако се ожени со Славица од Хрватска, Еклстоун (91) сега е во брак со Фабијана Еклстоун од Бразил и ја извршува функцијата потпретседател на ФИА и член на Светскиот совет за мото-спорт.
Во мај, тој присуствуваше на неколку настани во јужноамериканската земја, вклучително и локална автомобилска трка на село во близина на Сао Паоло, како и дружење со трикратниот светски шампион Нелсон Пике во Бразилија.