Репрезентациите на Шпанија и Колумбија синоќа играа пријателски натпревар во Лондон, а шпанците ќе сакаат што побргу да го заборават дуелот на кој не успеаја да постигнат гол, а притоа беше целосно надиграна во 61. минута.

Колумбијците максимално го искористија својот талент за да реализираат акција, со која и го решија победникот, а која започна со одлично додавање на Хамес Родригез.
Топката дојде до Луис Диаз, а ѕвездата на Ливерпул со неколку потези целосно го исфрли од игра Вивијан, кој не се прослави на своето деби за „црвената фурија“. Откако имаше многу простор за размислување, Диаз испрати нафрлување, а на топката налета Даниел Муњоз кој со акробатски удар ја затресе мрежата на противничката селекција.