Претседателиот на Реал, Флорентино Перез може да излезе апсолутен победник на трансфер-пазарот ако се остварат најавите што последните денови кружат на социјалните мрежи
Во моментов се зависи од конечната одлука на Килијан Мбапе иако општо е верувањето дека тој веќе донел одлука да ја продолжи кариерата во Реал. Кога тоа ќе биде обелоденето, многу веројатно Реал ќе стави на трансфер-листа еден од двајцата Бразилци во нападот, Винисиус и Родриго, а не е исклучено и за двајцата да се слушнат понуди од заинтересираните страни.
Еден од најзагреаните да го види во своите редови е ПСЖ кој со тоа би донел некаква замена за Мбапе, но сумата која Реал ќе ја бара за својот фудбалер изнесува 200 милиони евра што би бил втор највисок трансфер во историјата, по оној на Нејмар во 2017 година.
За Винисиус се заинтересирани и Ливерпул и Челси кои исто така можат претстојното лето да понудат 200 милиони евра, па ако дојде до тоа, веројатно Бразилецот сам ќе одлучува каде ќе продолжи.