Поранешниот вардарец Тигран Барсегјан засекогаш ќе се памети во Слован Братислава, затоа што Ерменецот постигна гол со кој словачкиот првак се пласира за првпат во Лигата на шампионите.

Слован дома го победи Митјиланд од Данска (2-1), а решавачкиот гол го даде Барсегјан на пет минути пред крајот. Иако пред него имаше четворица дефанзивци на данскиот шампион, Барсегјан изведе маестрален шут и преку сите го најде патот до мрежата.

 

Уште еднаш, Тигран Барсегјан се покажа како лидер на Слован, а истите партии ги дава и во лигата каде секое коло се наоѓа меѓу најдобрите во колото.