Познатиот медиум „Калчомеркато“ објави дека фудбалерот на Манчестер сити и англиски репрезентативец, Џек Грилиш би можел да се пресели во италијанскиот шампион Милан.
Италијанскиот медиум пишува дека раководството на Милан сака на крајот на сезоната да го ангажира Грилиш кој е најскап фудбалер во историјата на Премиерлигата.
„Граѓаните“ за неговиот потпис платија 117,5 милиони фунти, а Милан сака во јуни следната година да собере пари за трансфер откако ќе го продаде Рафаел Леао за кого се заинтересирани неколку гиганти.
Пеп Гвардиола наводно не е многу задоволен со настапите на Грилиш и би прифатил продажба на англискиот фудбалер за 70 милиони евра.