Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на шкотски Абердин, а тоа повторно привлече интерес од поранешниот премиерлигаш Саутемптон, кој и претходно сакаше да го купи 24-годишниот напаѓач.
Шкотските спортски медиуми пишуваат дека Саутемптон планира да испрати понуда до крајот на летниот преоден рок, а Абердин за трансферот бара четири милиони фунти.
Саутемптон ќе го нападне Абердин во следните денови, а причина за тоа е тренерот Расел Мартин, кој веќе некое време го следи Миовски.
„Светците“ најпрво ќе се обидат да го продадат Че Адамс, кој привлече интерес од Евертон, а тоа ќе им го отвори патот кон потписот на Миовски.