Во осум натпревари Интер Мајами постигна осум победи, откако во клубот пристигна аргентинскиот ас Лионел Меси. Магичен е периодот за клубот од Флорида, затоа што за помалку од два месеци со Аргентинецот во тимот, Интер Мајами стигна до првата титула во клупската историја, а се избори и за место во финале на уште еден куп, па можно е во клупските витрини да се донесе уште еден пехар.

Најважно за Интер Мајами сега ќе биде домашното првенство, односно дуелите од МЛС. Интер Мајами е очаен и моментално е на последното 15 место на Источната конференција со само пет победи од 22 средби.

Иако е на дното на табелата, откако во екипата дојде Меси, шансите на Интер Мајами неверојатно пораснаа. Според последните прогнози на обложувалниците во САД, Интер Мајами е на делба на третото место според дадените шанси да биде првак.

Само екипите на Синсинати и Лос Анџелес се сметаат како поголеми фаворити од Интер Мајами, кој ноќеска ќе гостува кај Њујорк Ред булс.