Поранешниот италијански шампион Јувентус го доживеа првиот пораз оваа сезона во Серија А, откако вечерва загуби на гостувањето кај Сасуоло со 2-4.
Сасуоло преку Лауриенте поведе во 12. минута од натпреварот, но водството на домаќините траеше кратко затоа што набрзо си постигнаа автогол и го вратија Јувентус во игра (1-1).
Во финишот на првото полувреме Берарди го врати Сасуоло во предност (2-1), а Јувентус до израмнување стигна дури во 78. минута.
„Старата дама“ се надеваше на пресврт во завршницата, но веднаш стигна шок и гол на Пинамонти за водство на Сасуоло од 3-2, по што Гати со автогол ги „закопа“ надежите на „бјанконерите“ и ги постави конечните 2-4.
Јувентус остана на четвртата позиција со 10 бодови, односно два помалку од лидерот Интер, додека Сасуоло е на 11. место со шест бода.