Актуелниот шпански шампион Барселона беше на праг до пораз од Селта Виго, но во драматична завршница со три гола успеа да ги освои бодовите (3-2).

На Барселона и се доволни и десетина минути за да направи пресврт и од негатива од 0-2 да дојде до 3-2 и да победи. Тимот на Чави одеше по работ на амбисот против Селта, но на крајот сепак успеа да стигне до значаен триумф.

Ларсен испрати одличен удар во десниот долен агол на Барселона и во 19. минута донесе водство за Селта, додека на 2-0 зголеми Дувикас во 76. минута.

Вториот гол на Селта ја разбуди Барселона која набрзо постигна два гола, во 81 и 85. минута, преку Роберт Левандовски, додека пресвртот го комплетира Жоао Кансело во 89. минута.

Барселона по шест одиграни натпревари има 16 бодови, колку и Жирона, по што следи Реал Мадрид со 15 бода од пет одиграни натпревари.

 

https://x.com/GAVlOOC/status/1705648888768614806?s=20