Германскиот шампион Баерн го декласираБохум со 7-0, а летното засилување Хери Кејн со хет-трик се запиша во историјата на Баварците, како прв фудбалер кој дал седум гола на воведните пет меча во Бундеслигата.
Баерн за едно полувреме ја обезбеди победата четврта во петте меча, откако Ерик максим Чупо Мотинг ја најави во четвртата, а продолжија Кејн во 13-та, Матијс Де Лихт во 29-та и Лирој Сане во 38-та минута.
Во вториот дел Кејн додаде уште два гола во 54-та од пенал и во 88-та и комплетира хет-трик, а му асистираше на младиот Матис Тел во 81-та за убедливата победа.
Кејн има неверојатен старт во својата деби сезона во Бундеслигата зашто само Герд Милер, Марио Манџукиќ и Мирослав Клозе имаат гол на секој од петте меча, но ефектот на Кејн е поголем зашто има седум гола во петте меча досега и плус три асистенции.
Марко Ројс со гол во 68-та минута на Борусија Дортмунд ѝ донесе минимална победа 1-0 против Фрајбург, а со минималец си замина и РБ Лајпциг од гостувањето во Менхенгладбах.
Победа извојува Аугсбург со 2-1 против Мајнц, како и Хофенхајм со 2-0 кај Унион Берлин.
Баерн со 13 бода е лидер, пред Штутгарт, РБ Лајпциг и Хофенхајм кои имаат по 12, а Дортмунд е на 11 бода по пет кола во германската елита.