Екипата на саудискиот Ал Итихад минатата сезона донесе многу засилувања предводени од Карим Бензема, но не успеа да ја одбрани титулата во првенството на Саудиска Арабија.
Составот од Џеда сега се подготвува за новата сезона играјќи контролни натпревари и со европските клубови, а вчера забележа уште еден пораз под водство на новиот тренер Лорен Блан.
Бензема го предводеше тимот на Ал Итихад, во кој дебитираа и засилувањата Ауар и Диаби, а Французинот не успеа да реализира пенал уште во првото полувреме на дуелот со Севилја, по што шпанскиот состав подоцна успеа да победи со 1:0.
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид беше преопуштен при изведувањето на пеналот и го промаши целиот гол во дуелот со Дмитровиќ, за подоцна Окампос да реализира од белата точка за победа на андалузискиот клуб.
https://twitter.com/i/status/1816933074598244762