Реал Мадрид се разбуди од сон и го потсети целиот свет колку е навистина голем. Толку голем што Килијан Мбапе повеќе е со мислите на трансфер на Бернабеу отколку на атакот на пехарот во Лигата на шампионите со Лионел Меси и Нејмар. Реал испрати официјалната понуда од 160.000.000 евра за 22-годишниот ас (35.000.000 би отишле во Монако). Според последните информации, оваа понуда експресно е одбиена.
Според француските медиуми ПСЖ нема ни да ги разгледа понудите помали од 200.000.000 евра, а во клубот – и Катар – има такви кои се надеваат дека ќе успеат да го соборат рекордот од 222.000.000 што „Светците“ некогаш и го дадоа на Барселона за Нејмар.