Валтер Еди Таварес центарот на Реал Мадрид доминира и во дресот на репрезентацијата, а најзабележителен детал од натпреварот беше кога тој остана да виси на кошот. Поради тежината на играчите, таблата не можеше да издржи и распука, па натпреварот мораше да се прекине.

Таварес настапува за репрезентацијата на Капе Верде,  која во рамките на Африканското првенство играа против Ангола. Неговиот тим славеше по продолжението 77:71 .