Килијан Мбапе е еден од оние за чија иднина се зборува, а наскоро ќе се знае каде ќе ја продолжи кариерата .

Следува нов преоден рок и нови прашалници за Килијан Мбапе и каде ќе ја продолжи кариерата. Французинот овој пат сака да има јасна слика за приказната да не се одолговлекува цело лето.

„Официјално ќе ја соопштам одлуката за мојата иднина многу брзо. Тоа ќе биде пред да се собере француската репрезентација“, изјави Мбапе.

Со оглед на тоа дека Франција многу брзо се собира бидејќи ја очекуваат натпревари во Лигата на нации, одлуката на Мбапе нема да чека долго.

Најверојатните опции се останување во ПСЖ или преселба во Реал Мадрид, за што се споменува долго време, а Мбапе неодамна беше виден во Мадрид.